Николоски: “He мoжe Заев пpeкy нoќ дa избpишe иcтopиja кoja штo ce cлyчилa пpeд 70-тинa гoдини и имa ce yштe живи cвeдoци”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски имаше јавување во „Стадион“ на Канал 77 каде што посочи дека Заев не може да ја избрише историјата преку ноќ, а посебно не историјата која што се случила пред 70-тина години и се уште има живи сведоци од тоа време.

„Видете јас сум свесен дека после ова што му се случи на Зоран Заев еден класичен бродолом после тоа интервју за БГНЕС каде што во суштина тој го кажа тоа што и зборува со бугарските официјални лица. Свесен сум дека се обидуваат одредени структури да го одбранат и да направат пропаганда. Таа пропаганда веќе не им поминува. Историјата е јасна, ја знаат и сите. Не се случило пред илјадници години туку се случила пред 70-тина година и има живи сведоци се уште на она што се случувало. Факт е дека македонскиот народ доби своја држава низ две епохи, едната е Илинденската епоха и како продолжение и континуитет на таа Илинденска епоха е антифашистичката Асномска епоха. И врз основа на овие два темели се изгради македонската држава и не случајно се случи АСНОМ на 2-ри август, Илинден“, истакна Николоски.

Николоски додаде дека голем дел од партизанските одреди носеа и имиња на илинденци, видни членови на ВМРО.

„Јасен е континуитетот на македонската борба. Ако некој сака да го оспорува, во случајот тоа е Бугарија, оди спротивно на вистината. Но она што мене најмногу ме боли е она што во Македонија постојат врвни политичари, во случајот премиерот кој што е спремен да го прифати тоа и тоа е најголемиот проблем во ова што се случува. Не е проблем тоа што некој бара, проблем е што овдека во Македонија има спремен некој тоа да го прифати“, нагласи Николоски.

Николоски посочи дека за жал во Македонија има континуитет на анационалните, антидржавни политики од Зоран Заев и екипата околу него.

„Мора час поскоро да се стави крај на целата оваа работа и јас сум среќен што македонскиот народ го крева гласот. Имаме ерупција од реакции овие денови. И мислам дека таа ерупција и енергија ќе се канализира правилно и дека ќе дојде до оставка на Владата на Заев“, изјави Николоски. Николоски додаде дека веднаш по завршувањето на 100-те дена од избори на Влада ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе до Собранието прашање на доверба на Владата каде што очекува да се изгласа недоверба на оваа Влада.

„Постојат одредени пратеници кои што се од Коалицијата на СДСМ, но не од албанскиот блок туку условно кажано од македонскиот блок од помалите политички партии, кои што од самиот почеток беа незадоволни од функционирањето на Владата. А, по ова што го имаме како сознание еве тука ексклузивно за Канал 77 после последното интервју на Заев и случувањата поврзани со Бугарија тој процес е интензивиран и неколку помали политички партии, неколку пратеници комуницираат помеѓу себе и размислуваат доколку веднаш не се стави крај на овие анационални политики да ја напуштат Владата. А, со тоа Владата ќе падне“, рече Николоски.

Николоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ она што го направи е со Алијанса и Алтернатива се обединија во борба против организираниот криминал и корупција, затоа што корупцијата и криминалот се присутни насекаде во Македонија поради Заев и неговата екипа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This