Николоски: Tројцата премиери со кои се сретнавме ни кажаа дека никој од власта од државата не се јавил да помогнат со вакцини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечерва потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски гостуваше во централниот дневник на Сител Телевизија. Во своето гостување посочи дека ниту еден од владините претставници не се обратил во Унгарија, Словенија и Хрватска за помош за вакцини против КОВИД-19.
„На трите места каде што бевме ни одговорија дека ќе помогнат со вакцини но ни посочија дека ниту еден претставник од владата сепак ние сме опозиција не се јавил воопшто да побара ниту вакцини, ниту било каква друга помош“, нагласи Николоски.
Николоски потсети дека на барање на ВМРО-ДПМНЕ Унгарија и Словенија беа први кои што доствија помош во однос на маски, скефандери, заштитни визири итн. А, тоа беше донирано во март тогаш кога почна пандемијата, а за жал сето тоа беше исмевано од делот од претставници на власта.
„А, еве сега во оваа посета разбравме дека никој од власта не се јавил во овие три држави, а тие се спремни да помогнат. Еве да апелирам да се јават затоа што имаме таму пријатели кои што сакаат да помогнат“, истакна Николоски.
Николоски додаде дека ова што се случува со вакцинацијата е навистина една кататстрофа, мора луѓето да добијат шанса да се вакцинираат, има луѓе кои што сакаат веќе да се вакцинираат. Но, за жал во моментов неспособноста на власта на Заев чини човечки животи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This