Николocки: Наместо да се консултираат здpaвствени експepти, 3aeв и Филипче нocат политички одлyки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во интервјуто за МКД.мк, запрашан за начинот на кој Владата се справува со пандемијата, Николоски одговори дека на Заев и на Филипче им се случува целосна катастрофа, а тоа пробуваат да го покријат со политички одлуки и ПР.

На прашањето дали Владата досега побарала било каква помош за решавање на пандемијата, Николоски рече дека за жал тоа се уште се нема случено:

-За жал не. Ни од мене лично, ни од партијата ВМРО-ДПМНЕ. Напротив, ние цело време бараме да се обединат политичките сили со цел да ја извадиме Македонија од оваа криза.
За тоа што ќе се случува за еден месец, кога Собранието ќе мора да се изјасни за нова кризна состојба, Николоски повторно додаде дека нивните предлози во Собранието не се сослушувани, а Заев и Филипче продолжуваат да носат политички одлуки наместо да се справуваат со пандемијата преку консултација на експерти од областа.

-На власта на Заев и Филипче ѝ се случува целосна катастрофа, нема менаџмент, туку сѐ е стихија. Македонија за жал има бројки на заразени и починати кои се огромни и далеку над сите предвидувања на Заев и Филипче. Многу семејства се завиени во црно, а исто така многу се во паника и страв. Овој систем на неработа, аматеризам и гол популизам чини човечки животи. Треба да се консултираат најдобрите експерти во Македонија. Такви има државата. А не да се носат политички одлуки. Сѐ што гледаме се политички одлуки. Нашиот предлог за кој поднесовме и закон во Собранието е да се формира комисија од најстручните луѓе во државата која ќе ја води битката со короната. Сите да ја поддржиме и тие на стручна основа да ги носат одлуките. Тоа што ќе каже комисијата тоа да биде нешто што сите ќе го почитуваат, а не да се носат политички одлуки по желба на Заев и Филипче и нивниот ПР. Да не заборавиме, Филипче пред короната важеше за најнеспособен и најкорумпиран министер. Толку лош што дури и за Заев беше лош, па реши да не го кандидира за носител на листа на изборите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This