March 29, 2024, 11:13 am

НИКОС КОЅИЈАС ОТКРИВА ДЕТАЛИ ОД ПРЕГОВОРИТЕ: Република Северна Македонија, Република Горна Македонија и Република Нова Македонија се имињата што се останати на масата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Опцијата „Вардарска Македонија“ како решение во спорот за името со Грција дефинитивно е пропаднат предлог, изјави грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас за грчката државна телевизија, и додава дека дојде време да се каже „да“ или „не“ за едно од трите преостанати варијанти со можност да се најде „креативно“ решение за уште некој назив во меѓувреме.

– Република Северна Македонија, Република Горна Македонија и Република Нова Македонија се имињата што се останати на масата, откако отпадна и Република Вардарска Македонија и во наредните денови може да се дојде до решение, изјави грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ.

Според него, договорот е добар компромис од кој добиваат и двете страни.

Вардарска не било прифатено од македонската Влада, бидејќи потсетувало на окупацијата.

Говорејќи за можните имиња, Коѕијас, исто така рече дека „Атина му предложила на Скопје“ да предложи нови имиња, ако не прифаќа некој од предлозите на посредникот Метју Нимиц.

Во секој случај, според Коѕијас, штом се потврди, договорот е двата премиери – Зоран Заев и Алексис Ципрас да го објават предлогот истовремено.

-Наш национален интерес е да го решиме проблемот со името со соседите и тоа е целта на нашата активна надворешна политика, изјави Коѕијас.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This