Никос Коѕијас: Ставот на бугарскиот шoвинизaм во македонското прашање

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

Се појави сериозна компликација во нашиот регион поради шовинистичкото чепкање во македонското прашање од страна на радикалните националисти на Бугарија. Тие се или чисто десничарски, како актуелниот министер за одбрана, или некои други бугарски политичари што сакаат да ја поткрепат својата предизборна кампања и своите лични стратегии. „Изненадувачки“, некои во Атина ѝ „се восхитуваат“ на крајната десница во Софија и бараат Грција да тргне по нивните стапки и да им се потчини на нивните одлуки! На пример, да го поддржи бугарското барање окупацијата на тогашниот југ на Југославија да не се опишува како „фашистичка окупација“. Круговите „воодушевени“ од бугарската алт-десница треба да нѐ известат и дали Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација.

Се сеќавам дека „македонското“ прашање почна како внатресловенски конфликт. Доминантните (и историски будалести) раководства во Грција успеаја да го претворат во конфликт помеѓу Грција и Славомакедонците/Југославија. Некои публикации во Атина, се чини, сакаат да ја повторат оваа глупост.

Со Договорот од Преспа Грција се ослободи од проблемот. Дипломатскиот естаблишмент во Софија буквално му „завидуваше“ на договорот. Ова се случи и покрај фактот дека тие први потпишаа „Договор за пријателство“ со Северна Македонија. Денес, про-Турците во Бугарија веруваат дека загубиле дел од својот „шовинистички наратив“ поради Договорот од Преспа. Како втори предизвикувачи на немири во регионот, тие поставија два нови услови за европскиот курс на Северна Македонија.

Првиот услов е Северномакедонците да го прифатат фактот дека се Бугари. Тие се несвесни за етногенезата на новата словенска нација од 20 век, Славомакедонците. Тие, по Договорот од Преспа и уставните амандмани што следуваа, се приклучија во мултинационална држава што создава нова „нација на етникуми“ (како шпанската), која ја сочинуваат Славомакедонци, Албанци, Власи и други. Спротивно на историските случувања и факти, бугарските шовинисти се чини дека немаат чувство за просторно-временската реалност. Тие сè уште живеат во ерата на Комунистичката интернационала од меѓувоениот период. Тие немаат почит ни кон историјата, бидејќи бугарскиот фашизам, поради дивјачкото окупирање на територијата на денешна Северна Македонија за време на Втората светска војна, доведе до конечно отуѓување на Бугарија од Славомакедонците и му даде дополнителен поттик на раѓањето нова нација. Навистина е историска дрскост тоа што некои во денешна демократска Бугарија без двоумење се повикуваат на аргументите на бугарскиот варварски фашизам против Славомакедонците. Се разбира, глупаво е што некои во Атина го одобруваат тоа.

Занемарувајќи ги историските реалности, шовинизмот што потекнува од мрачните векови на бугарската окупација бара Славомакедонците да бидат преименувани во Бугари. Тој сè уште живее во ерата на хематолошко-генетски определувања на нациите и допрва треба да се помири со фактот дека, денес, народите сочинуваат културно-политички субјекти со специфични права во сопствените институционални системи. Тој допрва треба да сфати дека огромното мнозинство Славомакедонци, а уште повеќе секој Албанец од Северна Македонија или Влав со грчка совест, никогаш не би прифатил да го сметаат за Бугарин.

Некадарноста на некои во Софија ја зајакнува неспособноста на псевдомакедонските воини во Атина, кои се чини заборавија дека вистинските македонски воини се бореа главно против бугарската великодостојност, додека подоцна Грција се бореше против бугарските окупации, со што голем дел од фронтот што велеше дека Договорот од Преспа е предавнички, всушност соработуваше со нив. 4. Армиски корпус се предаде со целото оружје во Кавала во средината на Првата светска војна, при што 60.000 грчки граѓани беа убиени во Источна Македонија, а други 20.000 загинаа во егзил во Бугарија, како дел од обидот на вториве да го уништат грчкиот елемент од регионот.

Навистина е импресивно што уште еднаш „суперпатриотите“ од Атина сакаат да застанат на страната на радикалниот бугарски шовинизам. Заеднички да тврдат дека треба да се забрани една нова нација да биде прифатена како таква, туку наместо тоа, дека сите треба да го поддржуваме бугарскиот шовинизам. Тие секогаш го поддржуваа создавањето втора бугарска држава, каква што ПЈРМ се надеваше дека ќе стане, а потоа ја проголта. Псевдомакедонците од Атина, така, наместо да го поддржуваат бугарското вето, подобро нека ни кажат дали ја поддржуваат „Голема Бугарија“, всушност со грчки консензус, и дали имаат намера да им дозволат на некои да ги сонуваат фашистичките соништа во врска со грчките земји што нивната политичка фракција двапати ѝ ги предаде на тогаш фашистичката Бугарија. Тие исто така треба да нè просветлат со сознанието дали сакаат воздушниот простор на Северна Македонија да не го контролира Грција, како што е случај денес, туку Бугарија и – зошто да не – Турција.

Меѓутоа, постои уште едно барање на бугарскиот шовинизам поддржано од псевдомакедонците. Тие тврдат дека славомакедонскиот не претставува самостоен јазик, туку дека е бугарски. Дека тој не е јужнословенски јазик, првично составен од српски, бугарски, турски, влашки и грчки елементи, зафаќајќи го потоа својот сопствен независен курс, туку „едноставно“ бугарски дијалект. Концепциите на нашите бугарски пријатели повторно се застарени. Јазиците и народите се обновуваат и диференцираат со текот на времето. Никој денес не спори дека австриската нација претставува посебна нација од германската, или дека скандинавските нации (Данска, Шведска и Норвешка) сега имаат три различни јазици и корени, и покрај нивното заедничко скандинавско потекло; нешто што се однесува речиси идентично на словенските јазици. Сите знаеме дека американските книги преведени на европски јазици, кога се однесуваат на прототипот, повеќе не го користат терминот „англиски“, туку „американски“, бидејќи постепено се создаваат повеќе варијанти и разлики во секој од овие два јазика. Покрај тоа, американската нација од граѓани на САД не може да се смета за синоним за онаа на Британците, па дури ни на Англичаните. Истото важи и за Новозеланѓаните, Австралијците или дури Канаѓаните.

Поентата е дека некои во Бугарија, со средновековен микромегалистички синдром, сакаат да предизвикаат нови проблеми на Балканот и на европскиот курс на Северна Македонија. Животните прашања, како и прашањата решени преку и / или научни истражувања и консултации, не може да се наметнуваат со претседателски декрети и акти на мирна надворешна политика.

Проблемот е и во тоа што некои од грчка страна, наместо да ја поддржат Северна Македонија, да му се спротивстават на великобугарскиот шовинизам што толку скапо ги чинеше и грчкиот народ и грчката земја, заслепени од своето антипреспанско гнасење, ја поддржуваат политиката што нашите македонски борци политички и воено ја отфрлија уште пред 120 години.

Никос Коѕијас е почесен професор по меѓународни односи-надворешна политика, поранешен министер за надворешни работи на Грција, член на Движењето ПРАТО и автор

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This