НИКОЈ ВЕЌЕ НЕ ВЕРУВА ВО ЕКОНОМСКИТЕ ПОЛИТИКИ НА СДСМ: Народна банка не верува во прогнозите на Анѓушев за раст на БДП

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гувернерката на Народна банка не го дели ентузијазмот на Владата за високиот прилив на директни странски инвестиции годинава. Во пролетната проекција за економијата пресметала нивен раст од само 3,2 отсто., пишува „Независен“.

Забрзувањето на евроатлантската интеграција може да донесе поголеми бенефити за нашата економија, согласно искуствата на економиите кои веќе поминаа низ овој процес. Сепак, нашето сценарио не ги вградува овие претпоставки за засилени странски директни инвестиции (СДИ) или барем не во таа мера во која би можело да се очекува. Лани кај СДИ беше остварен исклучително висок прилив, 5,8 проценти од БДП, што е еден од највисоките што сме го имале како економија. За годинава предвидуваме раст на СДИ од 3,2 проценти и на среден рок 3,5 проценти. Сепак попрудентен е нашиот пристап. Очекуваме да видиме какви ќе бидат движењата во првиот квартал, сè уште не располагаме со целосни податоци за првиот квартал, па да видиме дали овие трендови ќе продолжат или не. Доколку продолжат, тоа би било одлично за нашата економија и во некоја наредна фаза би направиле ревизија на проекциите“, изјави гувернерката на Народна банка Анита Ангеловска-Бежоска додавајќи дека доколку дојде до забрзување на процесите на инвестирање, ефектите ќе се видат во повеќе сегменти.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев, на почетокот на годинава, кога беа објавени податоците дека во 2018 година е постигнат инвестициски рекорд од 624 милиони евра СДИ, изјави дека годинава очекува уште подобри бројки.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This