НИКОЈ НЕ ГО ИСТРАЖУВА ПОТКУПОТ НА ПРАТЕНИЦИ: Обвинителство не отворило истрага за евентуален поткуп на пратеници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од обвинителството без конкретен одговор за тоа дали е покрената или ќе покрене постапка за обвинувањата изнесени во јавноста за нудење пари на пратеници за да го стиснат копчето за на седницата за уставни измени.

Ни дадоа одговор без детали за дали ќе отворат постапка по допрен глас и ќе ги повикаат пратениците кои истакнале дека се нуди поткуп.

Јавното обвинителство на Република Македонија ги следи сите информации и ќе постапува доколку бидат утврдени елементи на сторено кривично дело. Истовремено, согласно Кривичниот законик, примањето и давањето на поткуп се кривични дела и обвинителството ги охрабрува граѓаните доколку имаат докази ваквите случаи да ги пријават.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, вели дека рацете засега му биле врзани бидејќи до министерството не стигнало барање од обвинителство да покренат истрага.

Дел од политичките елити обвинија дека биле нудени огромни суми на пари за народски кажано купување на пратеници. Лидерот на Демократската партија на Србите, Иван Стоиљковиќ на социјалните мрежи истакна дека собранието е како сточен пазар. А пак генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ обвини дека им биле нудени и по два милиони евра на пратениците за да бидат дел од двотретинското мнозинство.

За ваквите обвинувања се огласија од СДСМ. Пратеникот Костадин Костадинов ги негираше ваквите наоди. Веднаш по него и премиерот Заев најави тужби за обвинувањата на опозицијата дека бил нуден поткуп.

Темата за нудење пари на пратеници стана актуелна непосредно пред гласањето во собранието каде власта мака мачеше да обезбеди 80 пратеници за да го протурка Преспанскиот договор и уставните измени. Собраниската седница во петокот беше закажана за во 12 часот, па одлижена за во 15. Конечното гласање се одржа нешто по 22 часот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This