НИКОЈ НЕ ГО КАМШИКУВАЛ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, НЕМА ДА МУ ДОЗВОЛИМЕ НИТУ НА ЗАЕВ: Христијан Мицкоски за барањето на Заев, ЕУ и НАТО да удрат со камшик по Македонскиот народ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оствари средба со Федерика Могерини. По средбата истакна дека истата помина во еден пријателски убав амбиент каде ги размениле мислењата околу актуелните политички случувања во државата.

-Во интерес на тоа што беше внатре кажано би задржал на оваа изјава околу позициите за внатрешните случувања во државата, но и актуелната политичка тема која што е поврзана се разбира со реформскиот процес, но и со референдумското изјаснување кое што би се случило на 30-ти септември. Ја користам оваа прилика да се обратам лично и персонално на граѓаните на Република Македонија, а истото тоа е поврзано со неколку последни несреќни изјави кои што претседателот на Владата, премиерот господинот Зоран Заев изминатите неколку дена егзибиционистички во свој стил, неконтролирано ни кажува за време на оние соочувања со граѓаните. Имено, можевме да слушнеме како претседателот на владата повикува на камшикување на сопствениот народ, можевме да слушнеме како претседателот на владата господинот Зоран Заев повикува на мито на сопствениот народ кога ги повикува бизнисмените да го одврзат кесето и да дадат 13-та плата, како имал средба со одреден бизнисмен во владата. Би сакал да ја искористам оваа прилика и да се обратам до граѓаните на Република Македонија, до моите пријатели, роднините, до моите соседи, до моите колеги и до моите сопартијци и сакам да ги замолам сите граѓани во Република Македонија да не подлегнуваат на сите овие обиди за понижување и омаловажување бидејќи никој во историјата македонскиот народ не го камшикувал, па нема тоа да му го дозволиме ниту на Зоран Заев, ниту на било кој кој што ќе се обиде да направи такво нешто. Никој во историјата не успеал да го понижи сопствениот народ, македонскиот народ и останатите граѓани во Република Македонија како што тоа го прави Зоран Заев изминатите денови. Затоа би сакал сите вас, граѓаните на Република Македонија, Македонците, но и останатите да ве замолам да го задржите вашето достоинство, да не потпаднете на провокации од страна на претседателот на владата вие сте горди, вие сте достоинствени што живеете во оваа држава тука е ВМРО-ДПМНЕ, истакна Мицкоски по средбата.

Лидерот на партијата порача дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш бил столбот на државата во Република Македонија, а така ќе биде и овој пат.

-Послушајте го вашето срце и разум како да постапите во својот живот, така и постапете на 30 септември. Ниту едно омаловажување, ниту едно понижување, ниту еден обид за камшикување на Зоран Заев и рамадилата околу него нема да им помине, рече тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This