НИКОЈ НЕ ДОБИВА ОД НОВИ ДАНОЦИ: Од најавите за нови даноци има само онакви кои губат, никој не добива!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бизнис заедницата која сега е вклучена директно во новата Влада, треба да биде загрижена поради зголемувањето на даноците, кажа во гостувањето на ТВ Нова директорот на ЕЛЕМ, Христијан Мицковски.

-Бизнис заедницата сега е директно вклучена во работата на владата, преку свој претставник таму, но она што загрижува и што мислам дека бизнис заедницата треба да ја загрижува, тоа е зголемувањето на даноците. Кога велиме зголемување на даноците, не велиме за ДДВ или некои други даноци, зборуваме точно, прецизно за данокот кој значи персонален данок на доход, изјави Мицковски.

Тој смета дека има професии и луѓе кои само губат од новиот даночен систем, не гледа дека некој може да добие.

-Јас навистина не знам, но за да вие направите една реформа треба да ги извадите работите и да видите што добивате, што губите, која целна група добива, која целна група губи. Во случајот не гледам кој добива, гледам само кој губи. Губат токму оние професии кои што се силно платени, кои што се „хај скилс“ ние викаме, односно имаат големи вештини, поради кои е нормално да бидат високо платени, сопствениците на компаниите, бизнис заедницата во целости. Бидејќи симулацијата е направена на 1.000 евра. Велиме се што е до 1.000 евра останува истиот данок од 10 проценти, се што е над 1.000 евра ќе оданочува со даночна стапка од 18 проценти, изјави Мицковски.

Мицковски кажа дека тогаш ќе дојдеме до ситуација дека оние кои се до 1.000 евра ништо не добиле, а оние кои се над 1.000 евра изгубиле. Тој повика да се модифицира оваа реформа, па ранливите категории кои земаат до 200 евра, да плаќаат помалку.

-Како што е конципирана оваа мерка, значи само зголемување на даноците. Јас би сакал да ја видам реакцијата на бизнис заедницата во овој случај, но исто така би сакал да ги слушнам и синдикатите, изјави Мицковски.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This