НИКОЈ НЕ ИНТЕРВЕНИРАЛ ВО ПОРОЈ: Штетите од поплавите се огромни, никој не се загрижил да ги санира – ниту владата, ниту локалните власти!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За два месеца во тетовското село Порој имаше поплави, а последиците уште се чувстуваат. Жителите се жалат дека штетите од поплавите не се санирани. По вторите поплави ниту една од институциите, ниту од локално, ниту од централно ниво не интервенирале. Есента се ближи, а со неа и опасноста од нови поплави, јавува „Алсат-М“.


Поројчани се револтирани и поради нерешеното прашање со земјоделското земјиште. Иако им била ветена надомест на штета, таа се уште не им била исплатена.

Претседателот на месната заедница на Порој, Сулејман Рамадан, вели дека жителите се при крај со трпението. Ако за два дена нема реакција од институциите, в петок ќе излезат на протести и ќе го блокираат патот Тетово-Јажинце.

– Досега нема никаков одговор, ниту не посетил некој од локалните и централните институции. Што ќе се случи не знам! Околу 50 куќи се уште се блокирани. Селаните си кажаа што мислат, ќе го блокираат патот до главниот дел, ќе се протестира, ќе чекаме уште два дена, ако не, тогаш во петок после молитвата, ставот на жителите е да се протестира – изјави Сулејман Рамадан, претседател на МЗ Порој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This