Никој не може да се откаже од правата на Македонците во Бугарија со билатерален договор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тони Менкиновски во своето гостување во утринската емисија на телевизија Алфа рече дека малцинските права во Македонија служат за пример во целиот свет и многу меѓународни институции биле заинтерсирани за примерот на Македонија за почитување на малцинствата. Според него македонското малцинство во Бугарија е внатрешен проблем на Бугарија и никој никаде не може да се откаже од правата на македонците во Бугарија со билатерален договор.

-Најпрво би сакал да почнам од една историска и социолошка констатација дека ние македонците во ново вековната историја никогаш ниту сме асимилирале, ниту сме имале намера некој да асимилираме и тоа е многу битен факт и битна појава. Ако тргнеме од Република Македонија, малцинските права во Република Македонија служат за пример во целиот свет исто така и многу меѓународни институции биле заинтерсирани за примерот на Македонија за почитување на малцинствата. Тоа е внатрешен проблем на Македонија, но македонското малцинство во Бугарија е внатрешен проблем на Бугарија и никој никаде не може да се откаже од правата на македонците во Бугарија со билатерален договор. Со ова сакам да напоменам јас не можам да се откажам од вашите права, тоа во моментов се случува во билатералниот однос помеѓу Македонија и Бугарија, рече тој во своето гостување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This