НИКОЈ НИШТО НЕ ТИ МОЖЕ САШО: Директорот на МЕПСО гради мотел дивоградба на елитна локација на преспанска ривиера?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 100 метри од самата плажа, на елитна локација, на државно земјиште актуелниот директор на МЕПСО и член на СДСМ, Сашо Василевски гради огромен мотел. Проблемот е во тоа што според информациите кои кружат во јавноста градбата која тој ја гради во туристичката населба Претор е дивоградба.


Се отвора и прашањето дали тој можеби узурпира државно земјиште? Интересен е и фактот што имотот и земјиштето не се води лично на Василевски туку на неговиот баџанак иако силни се шпекулациите дека тој стои за целиот овој проект. Дали можеби сопственичкиот лавиринт кој тој го креирал е поради противправните дејствија кои тој ги превзема?

Сепак ова не е изолиран случај на скандал во кој е вмешан Василевски, бидејќи во повеќе наврати е обвинуван за непотизам пред се поврзан со СЈО, обвинителство од кое и тој самиот своевремено беше дел. Токму во СЈО според медиумите актуелниот директор на МЕПСО ја вдомил и вработил својата ќерка.

Во јавноста кружеа и шпекулации и дека тој бил во романтична врска со обвинителката Катица Јанева, но нема по конкретни докази за ваквите тврдења. Василевски е познат и по своето политичко камелеонство и менување на политички дресови. Тој првично е познат по своето членство во НСДП, па преминување во ВМРО-ДПМНЕ, а сега е член на владеачката СДСМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This