March 29, 2024, 10:19 am

Никуљски: He пocтoи дoвoлнa пpичинa нeкoj вo мoe имe дa гo вeднe гpбoт пpeд yцeни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првите зборови што ми дојдоа на врвот од јазикот по интервјуто на Заев беа: неукост, недостоинственост, подлизурко, продадена душа, у п… м…, пишува на Фејсбук, Огнена Никуљски преведувач и универзитетски професор во пензија, автор е на неколку книжевни огледи и на бројни преводи од шпански, англиски, српски јазик.

Понатаму таа вели:

Не постои доволна причина некој во мое име да го ведне грбот пред уцени, чии и да се, кои ми го негираат идентитот во кој влегува секоја капка крв и пот пролеана за мојата денешна слобода. Ниту маките на мајка ми во фашистичкиот затвор во Стара Загора, Бугарија, ниту смртната казна на татко ми во Скопскиот затвор поради акции против фашистичката окупација на мојата татковина спроведена од страна на фашистичката бугарската војска во Втората светска војна.
Никој нема овластување да го брише зборот – фашистички – од кој и да е споменик на херојската борба на македонскиот народ против фашизмот.
Нема такви придобивки од каков и да е сојуз или унија што би ме натерале да се откажам од себе, од она што низ историјата ме исковало како Македонка. Ако влезот во ЕУ значи откажување од себе, не ми треба таков сојуз или унија.
Ако можеле татко ми и мајка ми да најдат во себе сили да се приклучат на борбата против гигантот на фашизмот кога светлината на крајот на тунелот не се ни наѕирала, можам и јас да живеам без компромиси што ме одрекуваат, иако светлината на крајот на тунелот не се наѕира.
Вториот импулс по интервјуто на Заев ми беше да го повикам да си даде оставка затоа што никој не го овластил во име на македонскиот народ да прави ревизија на историјата за политички цели и да гази врз моето достоинство како Македонка.
За некои работи едноставно не се преговара. По никоја цена.
Потоа, си реков а кој би можел да дојде на негово место и да има правилен став за односите со Бугарија и за пристапувањето кон ЕУ?
Од она што се нуди на политичката сцена на Македонија, изборот е никаков. Ниту еден од политичарите кај нас ја нема потребната длабочина и мудрост, чесност и честитост. Чесните и честитите се надвор од политиката.
На денешното политикантство на политичарите во Македонија и во Бугарија треба да му се каже решително: НЕ!
Македонскиот и бугарскиот народ не го заслужуваат тоа, пишува професорката.

Првите зборови што ми дојдоа на врвот од јазикот по интервјуто на Заев беа: неукост, недостоинственост, подлизурко,…

Posted by Ognena Nikuljski on Thursday, November 26, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This