НИМИЦ И ЧЕСТИТАШЕ НА ФИРОМ: Зошто никој се уште не ја споменува Северна?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Преговарачот за спорот за името, Метју Нимиц по вчерашното насилно спроведување на уставните измени и промена на името и официјално испрати честитка до македонската држава. Но наместо честитката да пристигне на адреса на Северна, честитка пристигна на адреса на ФИРОМ иако Македонија веќе и официјално го промени своето име, а Заев веќе почна да ја ословува државата по новото име. За жал ова беше еден од клучните аргументи на власта дека со промената на името ќе се изгуби оваа навредлива референца која како што гледаме се упште е пристуна во меѓународната употреба.

-Ги поздравувам завршните чекори што ги презема Собранието на поранешната Југословенска Република Македонија за спроведување на Преспанскиот договор. Би сакал да им честитам на Парламентот и на граѓаните на земјата за ова остварување и за демократскиот начин, во кој овој важен процес беше спроведен. Овој историски договор помеѓу дватасоседи ја отвора вратата за нови односи меѓу нив и за поцврста основа за мир и безбедност на Балканот. Со нетрпение го очекувам завршувањето на процесот како што е наведено во Договорот. Како и во минатото, Обединетите нации остануваат посветени на соработката со двете Страни за конечно решавање на разликата меѓу нив, напиша Нимиц.

За крај симптоматично е тоа што Нимиц порачува дека ООН остануваа посветени на соработка со двете страни за конечно решавање на разликите помеѓу нив, како да ова не е крај на проблемот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This