April 20, 2024, 12:40 pm

НИМИЦ ОСТАНА БЕЗ ПЛАТА: Не го добил надоместокот за неговиот ангажман во решавањето на спорот со името

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Метју Нимиц, посредникот во решавањето на спорот за името помеѓу Македонија и Грција, во разговор за Дојче Веле изјави дека Обединетите нации му останале должни и не му биле исплатен надоместокот за неговиот децениски ангажман кој резултираше со потпишување на Преспанскиот договор.

Американскиот дипломат точно 20 години работеше како медијатор назначен од генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, а за тоа потпишал договор со седиштето за симболична сума од еден долар годишно.

-20-те долари никогаш не ми ги исплатија, ама барем редовно ми ги плаќаа патните трошоци, се пошегува Нимиц.

До самото потпишување на спогодбата во Преспа на 17 јуни 2018 година не бил сигурен дека целата работа ќе се истepa до крај и неизвесноста ја чувствувал до последен момент.

–Тоа беше многу потpecен и многу важен ден. Мислам дека веројатно беше врвот на мојата кариера, додава Нимиц.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This