March 29, 2024, 11:12 am

НИНА ГРУПЕР КАКО МАРИЈА АНТОАНЕТА: Бара намалување на платите во јавната администрација, административците не работеле ништо

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нина Ангеловска при своето гостување на телевизија Телма јасно покажа дека не се откажува од идејата да се намалат платите на администрацијата.

-Јас останувам на ставот дека сите треба да сносиме дел од товарот. Останувам на ставот дека економијата треба да препознава продуктивност и работа, а работата треба да се цени и наградува. За жaл нашиот систем на јавна администрација тоа не го прави, ете започна реформата во јавната администрација, се надевам дека тоа наскоро ќе биде овозможено бидејќи од една страна јас многу често пробувам да се ставам во позиција на луѓето 15 во kpизниот штаб деноноќно работата додека гледаат дека 80 проценти, дел поради мерките на Владата, дел поради тоа што ротираат секој втор ден и не доаѓаат на работа, а сите добиваат иста плата, вели Ангеловска.

Претходно Ангеловска посочи дека администрацијата нема каде да ги потроши парите, тоа е едниот аспект поради кој треба да им се намали платата. По ваквата нејзина изјава многумина ја споредија Ангеловска со koнтраверзната француска владетелка Марија Антоанета која на своите граѓани им порача „Ако немате леб, јадете колачи“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This