НИНА НЕ КАЖА НИШТО ЗА ЧЕКОРИТЕ ПА ЗАЕВ ИЗЛЕЗЕ ДА КАЖЕ : Администрацијата со плата од 14.500 денари во април и мај

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека министерката Ангеловска денеска не откри ниту еден конкретен чекор за каде и во колкава мера ќе се лоцира помошта, Зоран Заев од позиција на претседател на СДСМ, по нејзината прес-конференција, објави сет на мерки кои ќе ги достави до Владата на усвојување.

Економскиот пакет на мерки кои ги предлага владејачката партија, најавуваат обезбедување минимални плати за вработени во сите фирми погодени од кризата за месеците април и мај. Фирмите кои ќе аплицираат за помош ќе мора да имаат ист број вработени како и пред кризата, но помош нема да има за оние чија плата е над 39.000 денари. Но, со кратење на платите ќе се соочи јавниот сектор на државно и локално ниво, рече Заев.

„Месечен надомест и за граѓаните кои што останале без работа поради кризата во висина од 50 насто од просечната плата на работникот. Сите функционери и раководители одат на минимална плата. Сите избрани и именувани функционери и раководители на државно и локално ниво, пратеници, премиер, вицепремиери, минисри, градоначалници, директори, раководители судии и обвинители ќе земаат минимална плата од 14.500 денари за месеците април и мај. Сите вработени во јавниот сектор одат во минимална плата“, вели Заев.

Дополнително, СДСМ предлага членовите на управните одбори и комисии да не земаат никакви надоместоци за овие два месеци. Законот за извршување се запира до крајот на јуни, а одложувањето на ратите за кредитите за граѓаните и фирмите за три месеци. Заев рече дека за банките тоа е прифатливо. Како вонредна мерка, рече Заев ќе се забрани фирмите да одат во стечај за време на кризата. Помош се предвидува и за сите медиуми кои ќе добијат по минимална плата за секој вработен за април и мај во висина од 14.500 денари.

Тоа истото важи и за сите спортски работници и за самостојните уметници. За пензионерите, бремените жени и лицата со попречност, од СДСМ ќе предложат да може да купуваат во продавници само од 7 до 10 часот наутро.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This