“Нинџа” како метод на политички пpoгoн преку yцeнeти лaжни cвeдoци и тaeн состанок во СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Минатата недела во судот се случи најголемиот шок во 2020 година. Одбраната на обвинетите во случајот наречен “Организатори на 27ми април” изнесе непобитни докази со кои главниот сведок на обвинителството со прекар Нинџа е всушност лажен сведок на ОЈО. Со други зборови за да добие п омала казна, Нинџа се согласил да им биде сведок и кого сакаат тие да го намести и да го стрпаат во затвор. Одбраната користејки овластени вештаци за телекомуникации докажа со факти и докази дека во времето кога Нинџа тврдеше дека бил во штабот на ВМРО-ДПМНЕ и раскажуваше кого таму видел и кој што зборувал и правел, всушност не бил во штабот, туку на сосема други локации во Скопје. Обвинителката Вилма Русковска се обиде да се извлече со приказна дека во тој момент телефонот му бил исклучен, но вештакот потврди дека и ако е исклучен телефон тоа се препознава а притоа ги обелоденија и локациите каде тој и во колку часот бил со неговите два мобилни телефони.
Сведоштвата на Нинџа му овозможија казна под минималната утврдена со закон и привелигиран третман во затворот со ветување кога ќе се смират страстите да биде ослободен како што актуелната власт ослободи повеќе криминалци досега. Но, благодарение на него се осудени на огромни затворски казни Митко Чавков, пет други припадници на МВР и други, а за малку ќе беа осудени и неколку поранешни министри и директори на кои сега им се суди.

Но, овој случај разоткри нешто за што претходно се зборуваше а немаше доказ за пошироката јавност, а тоа е дека оваа власт и ОЈО во борбата за неутрализирање и политичка ликвидација на нивните конкуренти практикуваат една крајно незаконска, недемократска и нечовечка метода а тоа е договарање лажни сведоци за да се затворат, засрамат и понижат оние кои се нивни конкуренти.
Неодамна и Никола Груевски во свој фб статус објави дека власта врши притисоци и уцени на лица да сведочат против него за да биде обвинет и осуден. Се сеќаваме на онаа аудио снимка објавена летото пред изборите годинава, каде Ден Дончев објаснува дека го договорил Тодоров да даде лоша изјава за Груевски. Незнаеме дали Тодоров дал таква изјава, времето ќе го покаже тоа, но практично тоа е методот на работа на СДСМ за елиминирање на политичките конкуренти. Наоѓаат некој кој можат за нешто да го уценат и му велат ние ќе ти помогнеме за тоа тебе а ти нам за ова помогни ни.
Во врска со ова, она што се зборува е дека минатиот септември помала група од челниците на владејачката партија воделе еден стратешки состанок за тоа што ги очекува во следниот период и како може да ги превенираат и спречат некои нешта кои не се по нивна воља особено сега во година кога треба да прифатат одредени остапки кон Бугарија што ќе предизвика незадоволство кон власта. Меѓу останатото заклучиле дека како одминува времето популарноста на Никола Груевски повторно расте и дека досегашните обвиненија и судски случаи па дури и затворски пресуди не успееја доволно политички да го елиминираат.
Заклучиле дека е потребно да имаат нови случаи и тие претежно да бидат од финансиска природа за да многу луѓе кои му веруваат се разочараат од него. Еден од присутните кажал дека сега кога СДСМ зема нов мандат многу полесно ќе најдат и уценат лица кои ќе ги направат сведоци против него и бидејќи непостојат негови финасиски трансакции, продажби, купувања, договори и слично, ќе го обвинат и осудат на база на лажни сведоци. Еден од присутните рекол: “мораме да направиме ситуации тој да заличи како Санадер и така конечно ќе биде избришан од умовите на неговите глупави подржувачи, а тоа можеби ќе помогне и да биде вратен во Македонија”.

Разговарале и за други личности. Се спомнала и Гордана Јанкуловска и тоа дека треба да се оди до крај, да се затвори и потоа да се уценува да стане соработник против другите. Тема на состанокот биле и судијата Панчевски, Антонио Милошовски, Трајко Вељановски и други.
На истиот состанок се зборело и како да се реши прашањето со барањата на Бугарија при што се констатирало дека порано или подоцна Македонија ќе треба да го прифати барањата на Бугарија а од пријателските држави да се бара тоа да не биде целосна победа на Бугарија туку барем мали остапки да има од Бугарија за кај нас да се продадат како разумен компромис.
Се разговарало и како да се соработува со ДУИ при што било договорено да се гради можност, да се направи обид, за можна замена на ДУИ во владата како коалиционен партнер доколку успеат да обезбедат пратеници со сите расположливи средства. Во една таква претпоставена ситуација планот бил одкако би се остраниле од власта да почне операција за апсење за криминал на поголем број првенци на ДУИ, на тој начин да се девалвира партијата и да се превземе поголем дел од нивното гласачко тело. На маса било и како да се преброди периодот на еконосмки план додека трае пандемијата, па меѓудругото тука се зборело и за легализацијата на марихуаната но и за земање кредити колку што е потребно за да опстојат на власт, а и онака враќањето на тие кредити во најголем дел еден ден ќе е на терет на некоја наредна влада. Било договорено и во услови кога нема нови проекти максимално да се промовираат започнатите проекти со голема кампања на посети на места каде нешто се гради колку и да е тоа мало, за да со помош на медиумите под нивна контрола се креира перцепција дека во земјата многу се гради. Уште една тема била на маса, проверката на судиите. Заклучиле дека кај ЕУ има веќе клима за ваков потфат и дека тоа е шанса да како што рекол еден “се исчистат сите или барем дел од неподобните судии при што еден ден кога ќе сме во опозиција да нема како да не гонат и осудат”.
Годината пред нас ќе покаже дали овие информации се точни. Но видовме дека веќе во октомври започнаа истрага за некакво наводно купено земјиште за кое се сомневале дека било на Груевски и уапсија едно лице а за повеќе други покренаа истраги. И веројатно нема да запрат со тоа. Тоа, веројатно ќе биде една нова кампања на прогон против Груевски.
Од друга страна со последното разоткривање на движењата на Нинџа на критичниот ден планот годинава да се потврдат во апелациониот суд казните за лицата од 27 април сега е доведен во ризик со последните докази против Нинџа, но со ваква контрола на судиите секој може да биде осуден доколку политичкиот врв го побара тоа.
Ако концептот со лажни сведоци или уценети сведоци од СЈО не се разобличи до крај, ОЈО ќе продолжи со неговата примена секаде и против секому каде им треба, така што и немора секогаш да се задржи само на политичките конкуренти.

Случајот со Нинџа само за момент и ги отвори очите на јавноста за тоа како власта владее и како ОЈО и судовите работат. Тие и понатаму ќе се обидуваат да го “спасуваат” Нинџа. Но, она што денес им го прават на Митко Чавков, Миле Јанакиески, Никола Груевски, Спиро Ристовски и другите, еден ден може да го направат на секој од нас. И еден ден некоја друга власт наполнета со гнев од сегашните настани може многу лесно да им го направи и на самите нив со уценети сведоци и да се накалеми било кому вина и да се осуди и затвори.

Дали ДУИ во 2021 ќе биде турнато од власт а потоа и уништено, дали ЕУ ќе им даде одвразани раце да направат (партиска) проверка на судството и дали кредитите и креирањето перцепција дека многу се гради ќе бидат доволни ќе покаже новата 2021.

А.Митовски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This