March 29, 2024, 12:50 pm

НИТУ ЕДЕН СТРАНЕЦ НЕ НИ ДАДЕ ПОДДРШКА 1991, НО ТОГАШНИТЕ ОДЛУКИ СЕ ОБВРЗУВАЧКИ ЗА СИТЕ НАС: Иванов го честиташе Денот на Независноста

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот Ѓорге Иванов денеска упати честитка до граѓаните на Република Македонија по повод 8 Септември – Денот на независноста.

– Македонскиот народ на 8 септември 1991 година го искористи своето право на самоопределување, вклучувајќи го и правото на отцепување од дотогашната заедничка држава. Со огромно мнозинство, македонските граѓани ја изразија својата волја и го дадоа својот глас со цел Република Македонија да се конституира како суверена и независна држава, со свое име и свое достоинство. Со тој чин, народот ја презеде врз себе одговорноста за иднината на Република Македонија, без повеќе да се потпира на други. Како што македонскиот народ е создавачот на Република Македонија, така и Република Македонија е чуварот на македонскиот идентитет, вели Иванов.

Шефот на државата додава дека Македонија не може да се гради врз други темели освен оние поставени со референдумот од 1991 година и оти одлуките донесени на тој, како што посочува, прв и единствен референдум, биле и остануваат да бидат обврзувачки за секој еден од нас.

– Во очи на тој историски референдум во нашата татковина не доаѓаа високи странски претставници. Тоа беше момент на вистинска народна саморефлексија од која произлезе ненаметната, автентична и чиста волја на македонскиот народ и македонските граѓани, вели Иванов во честитката.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This