НИТУ ЕДНО МАКЕДОНСКО ЗНАМЕ ВО СТРУГА: Струшките улици „украсени“ со албански знамиња – ниту едно Македонско

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По повод 28 Ноември, Денот на албанското знаме, во се поставени само албански знамиња. Низ градот нема поставено ниту едно македонско знаме

На оваа одлука на општинските власти на Струга, на чело со градоначалникот од ДУИ Рамиз Мерко, реагираше и општинската организација на ВМРО-ДПМНЕ:

„Градоначалникот на Струга, господинот Рамиз Мерко и неговите коалициски партнери од СДСМ го украсија градот со албански знамиња. Господине Мерко, да Ве потсетиме дека Струга е мултиетнички град, во кој треба да има соживот, без разлика на вера и нација.

Знаете ли дека ова што го правите е спротивно на законот? Истакнувате само албански знамиња, без притоа да го ставите знамето на Република Македонија, државата во која живеете и сте градоначалник на град во таа држава. Што сакате да постигнете со овај потег?

За ваков ли соживот зборувавте? Вака ли ќе се почитуваме меѓу себе?

За крај, нека Ви е честит празникот, и Ве замолуваме да си ја поправите грешката и да го поставите македонското знаме, во името на соживотот и взаемната поддршка и почит.“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This