April 19, 2024, 10:07 am

НИТУ ПPAВДА, НИТУ MИP: Убиeцoт на Мартин Нешкоски една недела во бeгcтво

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Игор Спасов, специјалецот осуден на 14 години затвор за убиството на Мартин Нешкоски, веќе една недела се нема јавено на доиздржување на казна Спасов требало да се јави во петокот, но тоа не се случило пренесува А1 ОН.

„Казната му беше во прекин од 29 август 2018 година, поради здравствени причини. Тој требаше да се јави во затворот на 18-ти овој месец, односно минатиот петок. Ние го известивме судот и баравме образложение дали судот му го продолжил прекинот или пак лицето треба да се јави на доиздржување на казната, но одговор се уште немаме“, ни изјави Боби Мојсовски, директор на затворот „Идризово“.

Неофицијално, штипскиот суд не му го продолжил отсуството на Спасови за истото го известил МВР, што значи дека Спасов уште минатиот петок требал да се јави на доиздржување на казната затвор.
Од МВР велат дека до денеска до 11 часот, од штипскиот суд не добиле никакво известување.

„Веднаш штом добиеме такво известување од судот, ќе се активира МВР“, вели Тони Ангеловски, портпарол на МВР. Игор Спасов беше во притвор од 7 јуни 2011 година, а потоа го започна издржувањето на затворската казна до 29 август 2018 година, кога имаше прекин на казната поради здравствени причини.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This