Според податоците, за овие месеци потрошени се само нешто над пет милијарди денари за капитални инвестиции што е само 21,3 отсто од вкупните капитални трошења кои биле предвидени за годинава. Ова за оваа година практично веќе не е новина оти слабата реализација на капиталните инвестиции се провелекува низ месеците од стартот на годината.
Судејќи по податоците сега, се докажува дека нема никакви можности да се постигне проектираната сума. Докрајот на годината има уште пет месеци, а не се потрошени ниту четвртина од парите. Засега нема најава за ребаланс на буџетот, а од Министерството за финансии упорно тврдат дека нема потреба за тоа оти имало добра наплата на приходите.
Капиталните инвестиции се рекордно ниски, но помалото трошење предизвика и помала реализација на вкупните расходи планирани за годинава. Министерството за финансии ги објави податоците за реализацијата на буџетот заклучно со јули годинава (за седум месеци).
Инаку според јулските податоци, буџетскиот дефицит до седмиот месец изнесува 7,5 милијарди денари или е реализиран нешто над 41 отсто од планираниот за годинава.