April 20, 2024, 11:36 am

НИЧИЈА ЗЕМЈА: За прв пат ќе го славиме денот на независноста на една беззимена земја

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ниту Македонија ниту Република Македонија ниту Република Северна Македонија.

Во најавата на прославата на денот на независноста Владата не наведува на која држава се однесуваат активностите закажани за в недела.

Владата вчера официјално ги покани граѓаните на прослава на Денот на независноста – 8 Септември в недела од 11 часот пред објектот „Школка“ во скопскиот Градски Парк без да го спомне името на државата во пpoпагандните материјали.

Во промотивното видео од 44 секунди за прославата со мото „Боите на независноста“ ниту еднаш не се спомнува државното име што Владата го наметна по референдумот за името што пропадна лани во септември.

Во видеото се споменува името на главниот град Скопје но не и името на државата. Дали владата се сpaми или плaши да го наведе името на државата која што ја води е прашањето што го упативме до владиниот тим за информирање од кого очекуваме одговор во текот на денот.

Од владата одговорија со следнава реакција:

„Настанот го организира Владата на Република C Македонија по повод 8 Септември, Денот на независноста. На сите граѓани им е јасно дека тоа е денот кога нашата татковина стекна независност со тогашното уставно име Република Македонија. Уставното име на нашата татковина денес е Република C Македонија“.

Во видеото дури и кога се зборува за активностте на прославата се избегнува да се каже македонската храна туку се зборува за „нашата земја“ и „традиционалната храна од сите краишта“. За време на ланската прослава која што беше организирана во центарот на Скопје јасно стоеше името на државата Република Македонија.

Покрај за пропустот за името на социјалните мрежи повеќе граѓани реагираат и на дизајнот на фотографијата на Македонија односно мозаикот во кој има делови од земјата кој не ја одразува општинската поделба и може да симболизира сегментација на Македонија.

 

Пишува Горан Момироски за Алфа

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This