Ништо и од Петков – дај друго дете: Ако потпишеме договор со Македонија владата брзо ќе пaднe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Изгледа дека новиот бугарски премиер Кирил Петков чекор по чекор ги намалува оптимистичките очекувања дека е можно брзо кревање на блокадата во ЕУ за преговорите со Македонија.

Во разговор за европското издание на „Политико“ тој ја повторува тезата за работни групи кои треба „да работат многу напорно шест месеци“, но новинарите кои го интервјуирале пишуваат дека тој одбил да даде краен рок кога би завршил процесот. Македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи ови денови изјави дека за Скопје шест месеци се премногу време и дека целата работа може да се заврши уште во јануари, а работните групи да ја продолжат работата.

Петков, како што пишува „Политико“, сака да заземе повеќе деловен пристап кон односите со Македонија. Тој и новата влада не планираат да се откажат од барањата поврзани со историските спорови со Македонија, но Петков вели дека неговата цел е да го прошири дијалогот и да ја искористи економската соработка за подобрување на односите.

„Пристапот е околу ‘зајакнување на постојните позиции’, според Петков, кој рече дека би сакал комисиите што ги разгледуваат односите ‘да работат многу напорно шест месеци’, но одби да даде краен рок за процесот“, пишува „Политико“.

„Мислам дека ниту една влада, во моментов, не може едноставно да отиде кај своето население и да каже: ‘Во ред, заборавете на сите проблеми, ајде само да го потпишеме договорот’, бидејќи таа влада брзо ќе падне“, вели тој во разговорот за „Политико“.

Наместо да ја кренат блокадата новите власти во Софија го нудат она што на сите им е јасно – поголема соработка. Петков сака извршните директори на бугарски и македонски компании да се сретнат и да создадат врски, но при тоа не наведува дека тие врски би биле добар чекор за кревање на блокадата.

„Сакам да можам да летам од Софија до Скопје директно, не сакам да летам преку Виена. Сакам да ја имам првата железничка врска, ако е можно – барем планот за тоа. Сакаме да имаме заеднички културен календар“, вели Кирил Петков во разговорот за „Политико“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This