April 19, 2024, 10:27 pm

НИШТО НЕ Е ГОТОВО: Се распаѓа коалицијата на Ципрас, Каменос ја напушта владата и бара референдум за Преспанскиот договор!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Партијата Независни Грци ќе гласаат против доверба на владата и ќе побараат референдум за Преспанскиот договор, изјави лидерот на партијата Панос Каменос на прес конференција одржана по состанокот со грчкиот премиер Алексис Ципрас, најавувајќи повлекување од владејачката коалиција. Причината за несогласувањто околу македонското прашање и договорот со Скопје

Коалицијата функционираше четири години.

„Ако во овој момент дадеме доверба на владата, ќе ја продадеме својата душа. Во овој момент, кога се поставува прашањето за доверба на владата, со тешко срце велиме не. Ако некои го променат ставот во текот на гласањето тие ќе бидат исклучени од партијата“, рекол Каменос.

Каменос исто така бара од премиерот да одржи референдум за Преспанскиот договор.

„Барам од премиерот референдум за Преспанскиот договор, кој може да се одржи заедно со изборите за Европскиот парламент (во мај). Тоа не е договор, тоа е капитулација“, истакнува Каменос.

Каменос во неделата по состанокот со премиерот рече дека неговата партија Независни Грци(АНЕЛ) излегува од владејачката коалција со партијата Сирза поради несогласување околу важно национално прашање – името на Р.Македонија.

Каменос подолго се противи на Преспанскиот договор. Грчкиот министер, поточно, неговата партија Независни Грци коалиционен партнер е Сириза на премиерот Алексис Цирпас, а најави дека со него владата ќе ја напушатат уште шест членови од неговата партија.

Засега не е јасно какви ефекти ќе има потегот на Каменост на грчката владејачка коалиција.

„Спорот за името на Македонија не ми дозволува да не ја жртвувам министерската фотеља“, порача Каменос.

Коалицијата на Ципрас во моментов завзема 153 од 300 места во грчкиот парламент, а Грција ја очекуваат парламентарни избори во октомври оваа година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This