НИШТО НЕ ИМ ПОМИНУВА: Кривичниот суд го одби барањето на СЈО за изземање на судијката Петровска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Основен суд Скопје 1 – Скопје го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство за изземање на судијката Лидија Петровска од постапување по обвинителен предлог поднесен од страна на СЈО.

katica-janeva-osnoven-sud

– Во однос на барањето за изземање на судијката Лидија Петровска од постапување по предметот на овој суд XXI К.бр.1905/16, поднесено од страна на Јавно обвнителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО), претседателот на Основен суд Скопје 1 – Скопје донесе решение со кое барањето се одбива поради тоа што не се основани причините за изземање на судијата кои СЈО ги навело во своето барање, стои во соопштението од Кривичниот суд.

Причината поради која СЈО побара изземање на судијката од предметот е сомнежот во непристрасноста на судијката која го води предметот за уништувањето на службени документи во Управата за безбедност и контраразузнавање.

Од СЈО велат дека постојат околности што предизвикуваат сомневање во нејзината непристрасност во донесување на одлука, од причини што судијката се јавува во содржината на јавно објавените незаконски прислушувани разговори.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This