НИШТО НЕ ИСПОЛНИЈА: Мандатот на Заев помина, а 98% од ветените проекти не се реализирани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мандатот на СДСМ и Зоран Заев помина, а 98% од проектите кои ги ветија во предизборната програма се нeреализирани. Ништо од тоа што го ветија не исполнија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Енергетскиот сектор во државата наместо да се унапреди, се уназадува. Зоран Заев вети дека ќе го пренамени ТЕЦ Неготино и од него ќе направи енергетско земјоделски комбинат. Тоа не се случи. Власта во заминување вети изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште. На крај на мандат се, а не преземале ни административни чекори за отпочнување на проектот. СДСМ ветуваше примена на најсовремени еколошки стандарди во ТЕЦ Битола и ТЕЦ Осломеј. Ништо конкретно не преземаа за ова три години, се наведува во соопштението на партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека гасификацијата која ја најавуваа СДСМ во секој предизборен митинг, собир и спот не е мрдната од мpтва точка.

-Македонија требаше да се поврзе со националните гасоводи на Грција и Бугарија како дел од Трансадриатик цевководот, но Зоран Заев и тоа го излажа и ништо не направи. Не е ниту на повидок фотоволтаичната електрана крај ТЕЦ Осломеј, која требаше да почне со работа 2020 година. Енергетиката е запоставена. Цел мандат СДСМ потроши без да направи еден проект. Но наместо инвестиции во енергетиката имаше испумпување пари од енергетските објекти на сметка на фирми блиски до владејачкото семејство. И додека прашање на ден е кога следен пат ќе изгасне некој од блokовите на ТЕЦ Битола и ќе треба да увeзуваме струја, Заев си кажува вицови за тепсии. На 12-ти април доаѓа крајот на оваа нecпособна власт. По 12 април следува обнова на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението на партијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This