March 29, 2024, 10:43 am

НИШТО ОД АЈРОТО: Македонците дишат отров, болниците преполни, Заев во Гармиш-Партенкирхен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев и неговите сопартијци, на парламентарните и локалните избори, на граѓаните им ветуваа чист воздух. Пред два дена Скопје беше најзагаден град во светот, а Македонците од останатите градови исто така дишат отров.

Меѓу скопските општини кои се најзагадени е опшината Аеродром. Граѓаните од населбите во оваа општина се жалат дека не можат да излезат ос двоите домови бидејќи загаденоста на воздухот им го отежнува дишењето.

Токму во општина Аеродром, Заев промовирајќи ги Златко Марин и Петре Шилегов, ветуваше чист воздух, а на таа тема и најмногу ги критикуваше нивните противници.

На овој митинг настана и “славната“ изјава на Заев:

-Нема воздух, а велат ајро, ајро, Ајродром, ајро, воздух. Го снема воздухот, истакна тогаш Заев.

Што зборуваш бе?!

Posted by infomax.mk on Thursday, September 28, 2017

Оваа негова изјава стана мета на посмев иако ситуацијата денес воопшто не е смешна. Додека власта и локалната самоуправа не превземаат ништо, граѓаните се гушат. Затоа, нека ја погледне премиерот сопствената изјава бидејќи граѓаните му патат по чист воздух.

Zaev, Shilegov feat Zlatko Marin – Ajro Ajro spot

Posted by Чао Заев on Friday, September 29, 2017

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This