НИШТО ОД БАРАЊАТА НА КАТИЦА: Пратениците не и ги исполнија желбите на Катица – изминува рокот за покренување обвиненија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратениците не ги изгласаа барањата поднесени од група пратеници за измена и дополнување на Законот за Специјалното јавно обвинителство за продолжување на рокот за покренување на обвинение кој сега е 18 месеци, а ни измените на Законот за заштитените сведоци, со кои би се овозможило специјалната јавна обвинителка автономно да одлучува за заштита на сведокот

sobranie-pratenici

Собранието на Република Македонија на денешната 123-та седница ги разгледуваше Предлог-измените на законите по скратена постапка за Специјалното јавно обвинителство и за заштита на сведоците.

Измените добија поддршка од само 30 пратеници, додека останатите гласаа против, со што предлог-измените не добија поддршка во Собранието.

Станува збор за иницијатива за измени на законите кои специјалната обвинителка Катица Јанева ги достави во Собранието уште во април, со кои се бара продолжување на рокот за работа на СЈО, и измени на Законот за заштитетни сведоци со кои се овоможува на јавните обвинителства самостојно да можат да предложат и да преземат мерки за заштита на сведоци.

Измените на овие закони беа ставени на дневен ред на седницата на Собрание по барање на опозициската партија СДСМ, која изготви и ги достави предлог-законските измени изработени според барањата на специјалната обвинителка.

За измените на Законот за Специјалното обвинителство, односно за продолжување на рокот за поднесување на обвинение, 36 пратеници гласаа „за“, а 54 пратеници гласаа „против“. На гласањето не се појавија пратениците од ДУИ.

Измените на Законот ги образложи пратеникот на СДСМ, Петре Шилегов, кој ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за измените.

За измените на Законот за заштитени сведоци 42 од пратениците гласаа „за“, а 52 гласаа „против“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This