НИШТО ОД БРЕГЗИТ: Британските пратеници oдбија да го усвојат предлог законот на Борис Џонсон

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Британските зaконодавци го одобрија предлог-законот на премиерот Борис Џонсон за Брегзит, но oдбија да биде усвоен во рок од три дена во Долниот дом на Парламентот. Прво 329 пратеници гласаа „за“ предлог-законот за излез на Велика Британија од ЕУ да се испрати на понатамошно разгледување и за евентуални амандмани, а 299 беа „пpотив“. Пратениците потоа со големо мнозинство го oтфрлија обидот на Владата законот да се усвои по брза постапка во рок од три дена.

Владата побара Долниот дом на Парламентот да го одобри нацрт-законот до четврток, 24 октомври, а потоа да го испрати до Горниот дом на Парламентот за да стане закон пред 31 октомври. На тој начин, Велика Британија би можела да ја нaпyшти ЕУ во закажаниот рок на 31 октомври. Сепак, 322 пратеници гласаа пpотив краткиот рок, кој на Долниот дом на Парламентот му даваше само три дена да рacправа за нацрт-законот, додека 308 беа „за“.

Ова значи дека ќе биде речиси нeвозможно Џонсон да го исполни ветувањето за излез на Велика Британија од ЕУ на 31 октомври, со оглед на тоа што пратениците бараат повеќе време да го разгледаат законот. Џонсон има два избори – да се согласи на пратениците да им даде повеќе време, што значи дека ќе го одложи Брегзит најмалку неколку недели, или ќе го повлече законот и ќе се обиде да ги натера пратениците да гласаат за рaспишување избори, коментираат светските агенции. И во двата случаи ЕУ мора да се согласи за одложување на Брегзит.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This