НИШТО ОД ВЕТЕНИОТ РАСТ НА БДП ОД 5 ПРОЦЕНТИ: Оптимистички економијата ќе порасне за 3.5%, да се внимава со јавниот долг

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Народната банка ги задржа проекциите за раст на економијата од 3.5% годинава, 3.8% догодина и 4% во 2021-та. Главен двигател на растот ќе биде домашната побарувачка, но со негативен придонес на извозот. НБМ очекува странците да продолжат да вложуваат во земјава, но не со исто темпо како и лани. Централната банка бара забрзана изградба на инфраструктурата, бидејќи реализацијата за 3 месеци достигна едвај 6.2%. Засега поместувања имало кај изградбата на проектите за кои се задолжени јавните претпријатија. Гувернерката смета дека јавниот долг од 46.2% од БДП не е висок и алармантен, но дека Владата треба да внимава при задолжувањето.


Инфлацијата годинава ќе се намали на 1.5% – проектира Народна банка. Главните ризици врз македонската економија ќе доаѓаат однадвор. Глобалниот раст ќе се намали, а Италија и Германија, која е нашиот најголем трговски партнер, ќе имаат послаби перформанси. Засега НБМ не регистрирала влошување на размената со Германија.

НБМ проектира дека годинава депозитите ќе растат со 8.3%, а кредитите нешто побавно со 8%. Гувернерката Ангеловска Бежоска соопшти дека парите со новото име на државава ќе бидат пуштени во оптек следната година. Први ќе се менуваат банкнотите од 10 и 500 денари, но тие нема да бидат двојазични, туку само на македонски јазик. Целиот процес на замена на парите ќе трае 5 години.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This