March 29, 2024, 12:32 pm

НИШТО ОД ЕКОНОМСКАТА РЕФОРМА: Нивото на собрани даноци помалo од лани, економската политика на Заев доживува крах

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето интервју за порталот Призма.мк, ги разобличи и оправдувањата на владата за економскиот крах кој се случува во државата како и причините за секојдневното задолжување на државата.

Економската политиката на владата на СДСМ доживеа невидено фијаско, последиците ги чувствуваат и граѓаните.

Нивото на собрани даноци во првиот квартал во 2018 година е за 2.69% помало од истиот период лани, додека 7% помали од првично проектираните. Тоа е показател дека економските политики на владата се катастрофално лоши.

Нивото на собрани даноци дополнително ќе паѓа со најавеното зголемување на данокот на доход, што ќе ја стимулира даночната евазија и ќе ги намали приходите во Буџетот.

-Даноците собрани во првиот квартал годинава, се за 7% помали од планираните и 2,69 % помалку од истиот период лани, капиталните расходи во првите два месеца од околу 16 милиони евра, за разлика од истиот период лани кога изнесувале 46 милиони евра, вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во интервјуто за Призма.мк.

Додека владата не инвестира во капитални проекти во НБРМ лежат 300 милиони евра неискористени средства, за кои досега државата има платено милион ипол евра камата.

Македонија има проблем и со задолжувањето. Откако Заев седна во премиерската фотелја, Македонија се задолжи огромни 1.6 милијарди евра од кои нето долгот СДСМ го покачи за 566 милиони евра.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето интервју за порталот Призма.мк, ги разобличи и оправдувањата на владата за економскиот крах кој се случува во државата како и причините за секојдневното задолжување на државата.

-Од Владата велат – ние ги враќаме долговите од минатото. За тоа позајмија 34 милијарди денари од надворешни и домашни кредитори. Добро, вратиле долг од 17 милијарди денари, но другите 17 милијарди им стојат во НБРМ со камата нула. А истовремено за тие средства плаќаат камата кај тие што им ги позајмиле, околу еден и пол милион евра. Некој ќе одговара за тоа кога ВМРО ќе формира Влада, вели Мицкоски.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This