March 28, 2024, 11:34 am

НИШТО ОД „ЖИВОТОТ“: Владата на СДС планира да ги задолжи граѓаните со 345 милиони!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новата влада планира да ја задолжи Република Македонија со 345.000.000 милиони денари или 5,6 милиони евра со пари од домашните банки преку аукција на државни хартии од вредност. Експертската јавност коментира дека ништо нема од декларативните ветувања кои СДСМ ги даваше дека ќе престане да ја задолжува државата.


Тогаш СДСМ обвинуваше дека “Неконтролирано и нетранспарентно задолжување во период на формирање на нов влада е недозволиво“, “Укажуваме дека никој не смее да работи на штета на граѓаните на Македонија. Само нова и одговорна влада може да ги запре непотребните задолжувања и да одговори на реалните потреби на граѓаните. -Неопходни демократски промени и промените ќе се случат во декември, оваа година.Ова налудничаво задолжување мора што побрзо да прекине.” – се вели во соопштението на СДСМ.

-Неопходно е на владата да и се одземе правото на задолжување, се потенцираше во соопштението на СДСМ.

-“Владата да си ги пушти нозете колку што и е чергата”.

-“Расипничката политика на задолжување која ја споведува премиерот ја води Република Македонија кон грчко сценарио”, се само мал дел од прес-конференциите на кои СДС ја клеветеше владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ дека прекумерно се задолжува.

Ова беше секојдневна реториката на СДСМ кога како експерт за финансии Драган Тевдовски лиферуваше соопштенија.

Оттука се поставува прашањето каде се сите оние партиски соопштенија и медиумски анализи од блиски новинари кои постојано тврдеа дека со секое ново задолжување владата на ВМРО-ДПМНЕ е расипничка, налудничава, го зголемува јавниот долг како и дека се задолжуват идните генерации. СДСМ многу пати ги заплашуваше граѓаните дека платите, пензиите, субвенциите за земјоделците се доведени во прашање, поради неликвидноста на буџетот и поради предходното енормно задолжување.

Познавачите на финансиските прашања потсетуваат дека СДСМ преку ваквото своето однесување додека беа опозиција се обидоа на неколку наврати да спречат Македонија да дојде до поволни финансиски средства надевајќи се дека ќе блокираат исплати на плати, пензии, социјална помош, инвестирање во улишта, градинки и инфракструра.

Овој метод на пеглање на буџетските потреби е нормален и се применува и во нашата земја и во другите европски земји, само што СДСМ во минатото го критикуваше, а сега гледаме дека веднаш го применува. Експертите коментираат дека се работи за лицемерен однос кон јавноста, едно да ветуваш и да зборуваш кога си опозиција а сосема спротивно да правиш кога ќе дојдеш на власт.

Токму владата на СДСМ го воведе овој начин на задолжување уште во 2004 година кога хартиите од вредност ги издаваа по каматна стапка четири до пет пати повисока од тие кои потоа ги правеше министерството за финансии раководено од ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This