НИШТО ОД ЖИЧАРАТА: Годинава ќе изостане изградбата на жичара од подножјето до Средно Водно

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градските власти не се откажале од изградба на втората фаза од жичницата на Водно, но годинава сигурно нема да преземат никакви активности за нејзина реализација, пренесува Независен.

Всушност, неизвесно е и дали таа воопшто ќе се изгради, имајќи ги во предвид дилемите со кои се соочува Град Скопје во врска со овој проект. Според градоначалникот Петре Шилегов, парите за проектот не биле проблем, туку постоеле реални причини зошто е неизвесна судбината на продолжување на жичницата.

„За мене проектот е апсурден. Се прашувате зошто? Затоа што почетната станица е на паркингот на Институтот за белодробни заболувања и во случај да се изгради втората фаза, автомобилите ќе треба да се паркираат под прозорците на Институтот каде што деца се лекуваат од белодробни заболувања. Од друга страна, би се довела во прашање и безбедноста на дел од населените куќи во тој дел, дури и на претседателот на државата. Значи, за мене е проблематична почетната, стартната точка, а не парите. Во случајов, не е прашањето дали проектот може, туку дали мора да се изведе со оглед на дилемите што ги имаме“, истакна вчера градоначалникот Петре Шилегов одговарајќи на советничко прашање што прави Град Скопје во врска со изградба на втората фаза од жичницата на Водно. Шилегов посочи дека градските власти интензивно и темелно ги разгледуваат сите спорни моменти, заедно со Министерството за животна средина и Министерството за транспорт и врски, кои индиректно се вклучени во проектот.

„Јасно е само дека годинава нема да правиме ништо во врска со проектот, туку ќе треба да донесеме конечна одлука дали да го реализираме“, потенцираше градоначалникот.

Втората фаза треба да го поврзе Институтот за белодробни заболувања во Козле со Средно Водно. Финансиските средства за неа е предвидено да ги издвои Министерството за транспорт и врски, а одредена сума би се издвоила и од буџетот на ЈСП.

Инаку, жичницата која го поврзува Средно Водно со Милениумскиот крст во прва фаза беше пуштена во употреба во 2011 година и е со должина од 1.560 метри. Оттогаш секоја година во државната каса се предвидуваат средства за продолжување на трасата во должина од 1.600 метри до црквата „Свети Јован“, во населбата Капиштец, каде што требаше да биде почетната станица, а втората да биде кај Институтот за белодробни заболувања.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This