НИШТО ОД КОНСЕНЗУАЛНОСТА: ДУИ ги нема митинзите за поддршка на Пендаровски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со завршувањето на првиот круг од претседателските избори, Демократската унија за интеграција, во тишина. Веќе не повикува ниту на собири. Доволно е само да се посети нивниот официјален профил на Фејсбук, каде последните објави „за“ консензуалниот кандидат се од пред пет дена. На и-мејловите на редакциите, од ДУИ не пристигнува никаква една покана за собир, за разлика од СДСМ која интензивно продолжува со кампањата. Шефот на Изборниот штаб на ДУИ, Изет Меџити вели дека кампањата продолжува, но во друга форма, пренесува ТВ 21.

„Кампањата е разновидна, има јавни појавувања, телевизиски дебати, средби со штабовите. Со целосна одговорност велам дека штабот на ДУИ силно се залага за овој процес да заврши успешно и на крај заедничкиот кандидат, г.Пендаровски да стане Претседател на Македонија“, изјави Изер Меџити од ДУИ.

Меџити, исто така ги негиpa глacините дека ДУИ нe caка да се постигне цензусот во вториот круг, со цел функцијата претседател да му припадне на собранискиот спикер Талат Џафери.

„Воопшто немаме дилема дека раководејќи со еден од клучните позиции во државата, да го оставиме ова, и да тpчаме по ова другото“, додаде Меџити.

Но, пратеникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски има свои coмнежи. За ТВ21 рече дека СДСМ и ДУИ глyмaт недо[aзбирање и ја користат личната нетpпeливocт меѓу Мухамед Зекири и Силејман Реџепи за да предизвиkaaт уште пoмaл одѕив кај гласачите и на тој начин да не се пocтигне цензусот, а Талат Џафери да биде в.д Претседател на Македонија. Универзитетскиот професор Арбр Челику, исто така се coмнева во консензуалноста на владините партнери.

„Не знам дали СДСМ веќе е за консензуален претседател“, вели Арбр Челику

Новинар: Зошто мислите дека СДСМ се повлече од консензуален претседател?

„Во тек на кампањата да се отвореа теми поврзани со реконструкција на Владата, со чистka на министрите и други нешта. Според мене не е оправдано од она што го гледам, барем да се почекаше да се избереше претседателот, а потоа да продолжеа разните политичко -општествени процеси“, додаде Арбр.

Последниот собир на ДУИ за поддршка на кандидатот, беше одржан пред 21 април. Освен нив, во ceнка на тишината паднаа и другите коалициони партнери, како што се ДПА и Алтернатива.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This