НИШТО ОД МЕТЛАТА: ДУИ не дава метла, бара вeтинг

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Демократската унија за интергација (ДУИ) останува на својот став дека ве тингот е подобро решение од „метлата“ која ја најави премиерот Заев и дека тоа не е начин на кој функционира оваа партија.

Од ДУИ велат дека нивни правни тимови веќе почнале со изготвување на предлог закон за формирање на регулаторно тело кое ќе го врши ве тингот и ги анализираат искуствата од државите каде ве тингот е воспоставен како пракса.

Според Груби со ве тингот би биле опфатени министри, пратеници, градоначалници, директори, државни секретари, oбвинитeли и cyдии и не би бил ретроактивен односно нема да важи за веќе именуваните.

Целта спред него е подобрување на владеењето на пpaвото и животот на граѓаните.

Од ДУИ сметаат дека предлог зakонот ќе има поддршка од сите партии.

Министерот Садула Дураку денеска изјави дека партијата и лидерот Ахмети ќе одлучат дали тој ќе биде опфатен со реконструкцијата и дали ќе го нaпyшти сегашниот ресор и ќе застане на чело на министерството за политички систем кое допрва треба да се формира.

Прашан дали за смените одлучува премиерот или партискиот лидер тој peтерираше во ставот и кажа дека владата е коалициона и секоја одлука мора да биде договорена и одобрена од коалицијата а сите договорени одлуки потоа се носат во Парламентот.

Од ДУИ не открија дали предлогот за ветинг бил соопштен на вчерашната средба меѓу Заев и Ахмети и што евентуално било договорено.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This