НИШТО ОД ПОТПИСИТЕ ЗА МАНДАТ: Заев не ги доби потписите од Ахмети, па сега се пишмани и за промена на Уставот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За нас е прифатливо сѐ што е во рамките на Уставот и потребите на граѓаните Албанци или од која било малцинска заедница, рече Заев

zaev-kola

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, потврди дека го добил документот од ДУИ кој требаше да обезбеди потписи со кои тој ќе можеше од претседателот на државата да добие мандат за да може формира влада. Но во СДСМ владее големо разочарување бидејќи во одговорот нема потписи за влада, туку нови барања од ДУИ за воведување на албанскиот јазик како втор службен јазик.

Она што е забележително е дека Заев сега вели дека не е подготвен за уставни измени, иако за време на кампањата тврдеше дека тоа ќе се случи за да се исполнат барањата на Албанците.

– За нас е прифатливо сѐ што е во рамките на Уставот и потребите на граѓаните Албанци или од која било малцинска заедница. Предлогот треба да е уставно издржан и да ги одразува практичните потреби на граѓаните. Со вака широко доставени рамки не знаеме кога ќе донесеме одлука. Како што реков, предлогот стигна доцна синоќа и го разгледуваме – изјави Заев.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This