НИШТО ОД СРЕДБАТА ВО КУЌАТА НА ЖАН МОНЕ: ВМРО-ДПМНЕ одамна најави дека нема ништо од средбата во Париз, мегафоните ширеа пропаганда

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Средбите меѓу претставници на парламентарните партии од македонското Собрание во рамки на процесот „Жан Моне“ се одложени за март. Првично, според најавите од дел од провладините медиуми, но и одредени новинари и аналитичари требаше да се одржат во куќата на Жан Моне во близина на Париз на 25 и 26 јануари.

Претседателот на Парламентот Талат Џафери за МИА вели дека средбите се одложени за март во договор со европратениците кои ја дадоа иницијативата за разговори на пратениците од власта и опозицијата во куќата на Жан Моне, по инцидентот во Собранието на 27 април.

Темите за кои што требаше да се разговара на средбите во рамки на процесот „Жан Моне“ беа реформските закони кои треба да се донесат со консензус, за законите за кои треба двотретинско мнозинство, нов Деловник за работа на Парламентот и етички кодекс за пратениците.

Иако процесот беше долго најавуван од страна на медиумите блиски до власта и одредени аналитичари, сепак истиот не се случува според нивните најави.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања на 9-ти јануари пред Собранието рече дека ВМРО-ДПМНЕ не е запознаена со процесот што би требало да се одржи во Париз, во куќата на Жан Моне.

-За таков процес не сме информирани, ниту имаме официјална покана, ниту ја имаме содржината и намената на овој процес. ВМРО-ДПМНЕ не е запознаена ниту со датумот, ниту со целта, ниту со содржината за евентуално одржување на тој процес, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

9 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This