Ништo од странските туристи во Охрид: Туроператори од Холандија, Белгија и Турција ги откажаа аранжманите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И покрај најавите за постепено враќање на странските туристи во Охрид, особено на тие од Холандија, тоа нема да се случи, не барем во очекуваниот обем. Имено холандскиот туроператор „Корендон“ преку кој на охридско-струшкото крајбрежје доаѓаа најголемиот број туристи од таа земја ги откажа аранжманите за летната туристичка сезона. Слично постапија туроператори од Белгија, Турција и други земји поради што очекувањата за шпицот на сезоната се далеку поскромни од предвиденото, објави Охридњус.

Иако за 19-ти јули е најавено доаѓање на холандски туристи преку друг туроператор, бројот на гостите ќе биде минимален споредено со периодот пред коронакризата.

Во моментов од Полска има два чартер лета неделно, но по одлуката на тамошните власти за воведување на карантин при враќање дома состојбата се усложнува. Македонските туроператори сметаат дека сето ова е резултат на задоцнетата комуникација и координација на инстититуциите со најзначајните туроператори од странство.

Извор: ohridnews.com

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This