НИ КАЖА, НО НЕ МУ ВЕРУВАВМЕ: Иван иcцeлитeл го погоди пoбeдникoт на Евровизија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еден од најпознатите иcцелитeли во Македонија, Иван Исцелител сам се пофали на својот Фејсбук профил дека тој го предвидел победнкот на Евровизија.

Иван Исцелител на Фејсбук го предвиде победникот на Евровизија
Тој во петокот еден ден претходно типуваше односно предвиде дека Холандија ќе биде овогодинешниот победник на Евровизија, и тоа и се случи.

Холандија заврши како прва на оваа Евровизија која се одржуваше во Тел Авив, Израел. Сега останува отворено прашањето дали да му се верува на Иван Исцелител?

Тој напиша дека е единствен пророк во светот кој до сега се точно погодил и посочи дека времето кога го пишува статусот на Фејсбук е 11 часот и 45 минути еден ден претходно односно во петок.

Инаку Иван за тв 21 минатата година изјави дека кај него доаѓале глумци дури од Америка.

„Не сакам јавно да зборувам, има доста познати американски глумци, имаат доаѓано тука. Тие сакаат приватно во хотел, да не ги види некој. Да имаат термин кога ќе нема други луѓе. Јас не земам пари, работам без пари. Бидејќи е бесплатно, секој поставува прашање? Ако работиш за Бога, работиш за духовна љубов, не за материјален интерес. Затоа им помагам на луѓето бесплатно. И политичарите доаѓаат и нивните семејства доаѓаат, оти нормално е и тие се луѓе и имаат мака, на овој свет има мака. Јас 37 години помагам на луѓето и не сум видел човек без мака. Не би сакал јас тоа да го кажам. Во принцип јас не зборувам за пациенти“, изјави тој за тв21.

Инаку Иван немаше предвидено на кое место ќе заврши нашата претставничка, која цела вечер беше на првото место на табелата но на крајот го освои високото 8 место со 295 бодови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This