НИ ОВА НЕМА ДА СЕ СЛУЧИ ГОДИНАВА: Македонија нема да стане членка на НАТО на самитот во Лондон во декември

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се поизвесно е дека членството на Северна Македонија во НАТО нема да се официјализира на Самитот закажан за 3 и 4 декември во Лондон. Надежите што техничкиот премиер на Шпанија, Педро Санчез, му ги пренел на премиерот Зоран Заев во Њујорк – дека парламентот во Мадрид би можел да го ратификува пристапниот протокол до Самитот на НАТО, најверојатно паѓаат во вода, за што зборува и шпанскиот аналитичар Мигуел Родригез Андреу. Шпанија оди на предвремени избори на 10 ноември, објави „360 Степени“.

Шпанија го поддржува пристапувањето на С. Македонија во НАТО и најверојатно оптимизмот на шпанскиот премиер е поврзан со тоа и фактот дека Санчез смета дека ќе победи на изборите. Но, политичкото сценарио во Шпанија ја прави малку веројатна ратификацијата пред декември. Протоколот треба да биде ратификуван на пленарна седница на шпанскиот парламент, а двата дома – Претставничкиот и Сенатот сега се распуштени. До конституирањето на двата дома ратификацијата ќе биде невозможна, иако верувам дека во текот на 2020 протоколот ќе помине во Шпанија“,

вели аналитичарот Мигуел Родригез Андреу.

Веќе се знае и датумот за конституирање на новиот шпански парламент по изборите – првата седница е закажана за 3 декември, денот кога почнува Самитот на НАТО во Лондон.

Можно е Шпанија да биде единствена од 29-те земји-членки на Алијансата што нема да успее да го ратификува протоколот до декември.

Досега 21 држава целосно ја завршија процедурата на ратификација на протоколот и негово депонирање во Вашингтон. Во Чешка се чека уште потписот на претседателот Милош Земан, а во Велика Британија на министерот за надворешни работи Доминик Раб, најавено за следната недела. Во Холандија, долниот дом на парламентот гласаше „за“, но за заокружување на процесот треба да се изјасни и горниот дом. Очекувањата се дека тоа ќе се случи во наредните недели. Слична е и ситуацијата во Италија каде одлуката на Сенатот беше делумно одложена поради политичката криза. Идната недела пристапниот протокол за Северна Македонија во НАТО треба да се најде и пред националното собрание на Франција. Во Исланд, каде постапката во парламентот е започната на 10 септември, не се очекуваат проблеми за нејзино финализирање поради консензусот на најголемите партии.

Прашање е кога Сенатот на Соединетите Американски Држави ќе реши да го стави протоколот на пленарна седница, не поради политички дилеми туку поради досегашната пракса Америка да биде државата што последна го ратификува новото членство – овој пат на Република Северна Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This