НИ ОСТАНА САМО НАДЕЖТА: Дали политиката на Грција кон Преспанскиот договор ќе се промени по доаѓањето на власт на десницата?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорот Васко Наумовски учестуваше на конференцијата во Атина организирана од Фондацијата Конрад Аденауер и грчкиот Институт за меѓународни односи.Поранешниот преговарач за името се задржа на процесот на проширување на Европската унија истакнувајќи дека Грција има потенцијал да биде лидер на Балканот.

Мислам дека Грција има докажано дека може да има лидерска улога и може да биде гласот на Западен Балкан во внатрешноста на Европската унија и во следните години ќе има можност уште еднаш да го покаже тоа – рече поранешниот вицепремиер.

Како евентуални можности за негативно влијание на процесот на проширување на Европската унија, Наумовски ги спомена претстојните евроизбори и веројатноста националистичките партии да добијат голем број претставници во европскиот парламент, но и не ја исклучи и можноста за нов бран мигранти во текот на годината.

Одговарајќи на прашање за очекувањата доколку во Грција се смени власта, Наумовски изрази надеж дека нема да има значајна промена во позициите.

Се надевам дека нема да има значајна промена, токму поради тоа што патот на регионот кон комплетна европска интеграција е нешто што ги обединува сите земји од регионот, од една страна, а од друга страна е нешто што ги обединува сите различни партии во земјите од Западен Балкан. Во однос на Грција, се надевам, како што реков, дека нема да има значајна промена и дека придобивките од добрососедските односи ќе ги види и идната грчка Влада – рече Наумовски и додаде дека постојат големи можности за соработката, не само со Грција, туку и со другите земји од регионот, во образованието, прекугранична соработка и слично.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This