Ни „р“ од реформи на УДБ-а: За Заев повеќе од половина Македонци се тepoристи и екстpeмиcти!?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот прв човек на градската организација на владејачкиот СДСМ и актуелен активист на граѓанските движења Трета и Бојкотирам, Љупчо Палевски, вчера ја фрли најсилната „бомба“ во предизборната кампања.

Иако со задоцнување од речиси две години, тој обелодени дека шест месеци пред спроведувањето на референдумот за промена на името на државата Република Македонија во 2018 година тогашната УБК започнала да спроведува оперативна истрага со кодно име „Атлантик“ со која биле опфатени засега непознат број граѓани. Притоа, тие биле следени со посебни истражни мерки, што значи дека било контролирано и документирано нивното движење, контакти и комуникации, а со тоа и прекршувани нивните основни човекови права и слободи.

Меѓу следените и контролираните биле политичари, новинари, невладини активисти, претставници на навивачки групи и здруженија… Палевски спомена само неколку имиња и без разлика на нив, запрепастувачки делува дека сите тие биле обработувани од Одделот за заштита на уставното уредување и спротивставување на тероризам на УБК-екстремизам.

Според Палевски, само документацијата со која тој располага содржела над 1.300 страници.

Обелоденувањето на скандалот отвора многу прашања и дилеми на кои допрва ќе треба да дадат одговори надлежните институции, почнувајќи од Обвинителството, преку актуелната Агенција за национална безбедност како наследник на УБК, па до идната собраниска комисија за контрола на работата на безбедносните служби.

Засега замотаното клопче потврдува дека во безбедносните служби нема ни „р“ од најавените реформи, а се што досега е сторено е само обично залажување и на домашната и на меѓународната јавност. Зашто, тајната полиција и натаму останува главно оружје за постигнување чисто политички цели! И сето ова не можело да не го знаат тогашниот премиер Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Од само неколкуте објавени документи во медиумите може да се види само Одделот на УБК, кој ја спроведувал оперативната истрага. Но, за жал, не може да се види линијата на работа. Дали е во прашање контраразузнавачка активност за пресретнување на евентуално проруско влијание во државата, што би се спротивставило на референдумот, дали лов на високи политички опоненти до кои се стигнувало преку „поститна боранија“, дали за обид за подметнување и задавање ниски политички удари под појас за наметнување антинато расположение и проруско влијание, дали…

За што и да станува збор, сепак повиканите ќе мораат да дадат дебело образложение.

Референдумот како институт е највисок облик на демократија во едно општество. Според Кодексот за референдуми на Венецијанската комисија, секоја опција што со референдумското изјаснување треба да биде опфатена, има подеднакво право на надомест на трошоците од државниот буџет, средства со кои пред јавноста треба да ги образложи своите аргументи. Значи, и тие што се „за“, и тие што се „против“, и тие што се за „бојкот“ имаат подеднакви права.

Така е во демократските држави. Кај нас, пак, државата, односно власта, преку, ни помалку ни повеќе, туку тајната полиција директно влијаела врз референдумското изјаснување на граѓаните! Со кое право, кога уставно загаранирани се и слободата на мисла, изразување, политичко здружување, јавни протести, на движење, комуникација…

И според таа ментална матрица, која поради децениски опстанок бара внатрешни непријатели на државата, излегува дека сите оние кои не учествувале на референдумот од свои причини биле третирани како терористи и македонски екстремисти! А, референдумските бројки велат дека како такви се смета(ат)ле повеќе од половината Македонци! Бати државата, бати власта ако смета дека повеќе од половината граѓани се државни непријатели, терористи и екстремисти.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This