April 27, 2024, 12:46 am

НИ СРАМ, НИ ПЕРДЕ ЗА ЧОВЕКОТ КОЈ ПЛУКАШЕ ПО САМСОНЕНКО: Андреј Жерновски прво плукаше по Вардар, денес моли да се фотографира со трофејот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Некои луѓе едноставно немаат образ и чест. Таков е примерот со Андреј Жерновски, напиша новинарот Љупчо Златев на неговиот ФБ профил и додава, дека без никаков срам кон претходно изречените клевети кон сопственикот на Вардар, денес без образ истрчал во Келн да се фотографира со трофејот

Кога Андреј Жерновски стана градоначалник на општина Центар, го обвини сопственикот на „Вардар“ Сергеј Самсоненко, дека криминално купил парцела во близина на градскиот стадион на која се изгради центарот за тренинг на младинската школа на Вардар, кој може да го видите и изгледа светски. Многу млади таленти се обликуваат таму.
Се сеќавам, како да беше вчера, кога Жерновски сееше лаги на прес конференција за поврзаност на Самсоненко со власта, која наводно му ја дала парцелата за многу ниска цена, иако тој беше единствен кој учествуваше на јавното надавање и целата постапка беше јавна и транспарентна. Самсоненко тогаш му одговори со стил: Најди друг кој како мене ќе вложи 2.5 милиони евра во нешто што не носи профит и јас ќе се повлечам.
Денес Жерновски прв оттрча да се слика со трофејот на Вардар. – пишува новинарот Златев на својот ФБ профил.

Претходно, експонентите на СДС и соросоидите кои учествуваа во шарената „револуција“ ги плукаа ракометарите и навивачите на Вардар дека биле „мајмуни“, „криминалци“ и „Дпмнеовци“. Имајќи во предвид дека и Жерновски навива за Вардар, останува прашањето дали овие навреди се упатени и кон него?

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This