НИ СРАМ, НИ ПЕРДЕ: Курто Дудуш си вработил десет роднини!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Непотизмот продолжува да царува во државните институции, како на централно, така и на локално ниво.

Овој пат главен работодавец е градоначалникот на Шуто Оризари од редовите на СДСМ, Курто Дудуш, кој дест членови од блиската фамилија си ги вработи во државно, дознава Лидер.

Листата до која дојде Лидер е долга и ги вклучува неговите братучеди, чичковци, како и невенчаната сопруга.

Фата Османовска, невенчана сопруга на Курто е претседавач на советот во општината каде е тој градоначалник.

Дудуш си го вработил неговиот чичко во секторот за урбанизам, токму во Општина Шуто Оризари. Во таа локална институција место се најде и за неговиот тетин Демир Јашар. Курто не го заборави ни својот вујко Сејнур Мемед, кој го вработи во Геронтологија како возач на директорката Салија Љатиф.

За скандалот да биде поголем, Вулнет Демир, тетин на градоначалникот стана шофер во истата Општина. Неговата сопруга пак, Софија Демир, тетка на Куртош, стана шефица на техничкиот персонал во основното училиште „Браќа Рамиз-Хамид“.

Градоначалникот сепак не ги заборавил ниту братучедите. Неговиот прв братучед Алмир Дудуш го ставил одговорен за спорт и спортски активности во Општината, а братучетката Тени Узеир си ја вработил исто така во Општината Шуто Оризари. Братучедот на Курто, Ибраим Ибче Сакип удобно се сместил во јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Сопругата на неговиот прв братучед Енис Сакип и братучетка на Фата Османовска, Лалифа Демир, стана советничка во Општината Шуто Оризари.

Ова е само дел од вработувањата на блиски роднини на функционери од власта, а се очекува Антикорупциска комисија да покрене постапка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This