April 20, 2024, 11:59 am

НИ CPAМ НИ ПEPДЕ: По неуспешен референдум државници се извинуваат и си заминуваат, ама нашиов остана

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорката Гордана Силјановска Давкова, претседателски кандидат поддржан од опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на осмиот ден од предизборната кампања се претстави пред граѓаните на Македонски Брод.

Зборувајќи за промената на Уставот таа потсети дека Законот за ратификација на Преспанскиот договор не се заснова ниту на уставните одредби ниту на народната волја. Во недостиг на правен основ, власта посегна по референдум, мислејќи дека така ќе најде алиби. Сепак, рече таа, власта заборавила дека во Уставот има одредби кога референдумската одлука е донесена, а кога не е.

Ние си седевме дома и сакавме со молкот да им покажеме дека не ги легитимираме ни нив ни референдумот. Молкот посилно одекна и овде и надвор одошто во парламентот. И наместо да си поднесат оставки, бидејќи по неуспешен референдум сите државници, главно мажи, како Де Гол, си заминале, се извиниле, ама нашиот си остана и продолжи да го менува Уставот, рече Силјановска – Давкова.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This