Ниe cmе бpyка – Изpeченa првaтa затвopcка kaзна за влезот во Капитол: За истото дело како 27 април, Американец доби 8 месеци затвop

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во САД е изречена првата затворска казна за учество во немирите во Конгресот на САД, на 6 јануари годинава, пренесува агенцијата „Анадолија“. Пол Хоџкинс (38) пред судот изјавил дека жали поради направените кривични дела „нанесување штета на зградата на Конгресот“ и „нарушување на функционирањето на членовите на Конгресот“.

Откако се изјасни за виновен и изрази жалење за тоа, Судот одлучи да му ја намали затворската казна од 18 месеци, побарана од обвинителите, по што го осуди на осум месеци затвор. Изречената казна за Хоџкинс од Флорида може да претставува преседан за приближно 230 приврзаници на Трамп кои беа во притвор за немирите во Конгресот на 6 јануари и чекаат судење по истото обвинение.

Во јуни, Хоџкинс, во соработка со обвинителите, се изјасни за виновен за обвинението за блокирање на пребројувањето на изборните гласови со упадот во Сенатот.

Зградата на Конгресот беше сцена на големи немири што избувнаа на 6 јануари кога приврзаниците на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп упаднаа во зградата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This