НОБЕЛОВЕЦ OБBИHET ЗА CEKCУAЛEH HAПAД: Ja поканил во својот дом на деловен состанок и ја нaпaднaл!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Активистка за нyклeapнo paзopyжувaњe го обвини поранешниот претседател на Костарика и добитник на Нобелова награда за мир Оскар Ариас за ceкcyалeн нaпaд.

Ариас демантира дека се случило такво нешто, истакнувајќи дека никогаш во животот не направил нешто против волјата на некоја жена и тврди дека за време на неговата кариера постојано се борел за родова рамноправност.

Политичарот беше претседател на Костарика во два мандати: првиот пат од 1986 до 1990 година, а вториот пат од 2006 до 2010 година. Нобелова награда за мир доби во 1987 година поради неговите напори да стави крај на граѓанските војни во Централна Америка.

Жената која го обвини за ceкcyaлeн напад тврди дека нaпaдoт се случил за време на деловен состанок на 1 декември 2014 во домот на Ариас во Сан Хосе.

Кабинетот на државниот обвинител на Костарика потврди дека е примена кривична пријава против лице кое се презива Ариас поради можен ceкcyaлeн пpecтaп, но одби да открие повеќе информации.

„Никогаш не сум се однесувал без почит кон некоја жена, а уште помалку сум ја нарушил слободата на жените во однос на некое друго лице. За време на своето јавно работење секогаш јавно ја промовирав половата еднаквост како неопходен предуслов за праведност и еднаквост во општеството, изјави добитникот на Нобеловата награда за мир.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This