April 25, 2024, 11:53 am

НОВАТА ГРЧКА ВЛАДА СЕ ЗAKАНИ СО BEТО ЗА МАКЕДОНИЈА: Или ќе има промени во Договорот од Преспа, или Скопје нема да влезе во ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Пред полагањето на свечената заклетва во Претседателската палата во Атина, новите грчки министри традиционално во кратки изјави за медиумите говорат за нивните очекувања, нивните пораки или пак нивните ставови во врска со темите за кои што се надлежни.

Заменикот министер за внатрешни работи надлежен за Македонија и Тракија, Теодорос Караоглу го спомена Договорот од Преспа, додека пак новиот шеф на грчката дипломатија Никос Дендиас не сакаше да ги коментира прашањата од грчката надворешна политика.

– Договорот е нешто што, особено нас во Македонија нѐ има повpeдено многу. Тоа е отворено прашање. Она што го имаме кажано како Нова демократија, а Кирјакос Мицотакис го разјасни, е дека тоа е национално прашање кое што нѐ засега, нѐ интересира и дека ќе го искористиме единственото opyжје што го имаме во раце, а ова opyжје е интеграцијата на државичката во Европската унија и ветото, за да постигнеме колку можеме повеќе промени во овој национално нeeприфатлив договор, рече Караоглу.

– Прво заклетвата, потоа преземање на функцијата, потоа сѐ друго. Не се брзаме, кусо одговори Дендиас, пред да влезе во Претседателската палата на прашањето на дописничката на МИА од Атина, за тоа каков е неговиот став за Договорот од Преспа, но и на прашањата на грчките и странските новинари во однос на кипарското прашање и односите со Турција.

Пред претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос и грчкиот архиепископ Јеронимос, а во присуство на премиерот Кирјакос Мицотакис, 50-те членови на новата грчка Влада положија свечена заклетва.

Од министрите, замениците и алтернативните министри, 21 се нови и првпат влегуваат во Владата, а во владиниот Кабинет има само пет жени.

– Ве уверувам дека и петте вредиме за 50, кусо со насмевка на лицето одговори заменик министерката за образование Софија Захараки, на прашањето на дописничката на МИА од Атина, како го коментира фактот што во Владата има само пет жени.

По завршувањето на свечениот и традиционален дел на положување заклетва, што секогаш следи по објавувањето на новиот владин состав, министрите се упатија кон нивните министерства со цел и официјално да ја преземат новата функција од нивните претходници.

Утре претпладне ќе се одржи првата седница на новата грчка Влада.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This