March 29, 2024, 10:01 am

Новата зграда на ПУИК готова до крајот на годинава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денес заедно со директорот Цветко Грозданов изврши увид во градежните работи на новата зграда на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката, некогашно ПУИК, која треба да биде готова до крајот на оваа година.

gruevski-grozdanov-640x360

Зградата која е енергетски ефикасна, има приземје, шест ката и поткровје со вкупна површина од 7220 метри квадратни.

-Ова акционерско друштво досега беше во стари, руинирани бараки кои што се изградени некаде 1963 година по земјотресот и кои што требало да бидат привремени, во тоа време привремени се мисли на 5,6 години додека да се стабилизира состојбата после земјотресот, но наместо 5,6 години, еве 50, 60 години веќе 350 вработени седат во стари и руинирани бараки со супстандардни услови така што, редно време беше после 25,26 години независност на Република Македонија ова јавно претпријатие кое што со години партиципира во развојот на државата преку градба на многу објекти, станови, деловни простории, да добие свој простор, за да може инженерите, архитектите, градежните инженери, целата администрација да се сместат во едни нормални услови, во услови кои што ќе им овозможат нормално работење, истакна Груевски.

Оваа ќе биде прв ваков објект за ПУИК и ќе биде од огромно значење за вработените во претпријатието.

Изградбата на зградата на потребите на ова акционерско друштво според Груевски е одличен потег.

-Многу директори доѓле поминале, меѓутоа никој не се грижел за вработените, онака како што актуелниот директор тоа го направи, затоа што директорите доаѓаат и си заминуваат, тие се политички назначени, а вработените остануваат таму и нивниот живот е таму. Извонредно е тоа што политички назначен директор не мисли само на својот мандат, туку мисли на луѓето кои што работеле, работат и треба да останат да работат во тие простории, додава Груевски.

Груевски се интересираше и за изградбата на комерцијалните станови, по што Грозданов го извести дека од 2006-та година изградени се 1.100 социјални станови.

-Соработуваме со Министерството за труд и социјална политика и сите деца од домовите без родителите кои излегуваат од домот по 18 години ги сместуваме. Остануваме на политиката 10 проценти од градбата на комерцијалните станови да се наменети за децата без родители. Работиме и на изградба на станови за социјално-ранливите категории, лица со ниски примања, самохрани родители кои ги сместуваме во соработка со Министерството за транспорт и врски, објасни Грозданов.

Тој додаде дека околу 85 проценти од деловниот простор со кој располага Акционерското друштво е издаден.

-Начинот на менаџирање на друштвото, е да обезбеди плата за вработените со самото издавање на деловните простории, а добивката од комерцијалната градба да ја реинвестираме во социјални станови, објасни директорот на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This